Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.

Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга вегетација сè уште не се пресметани. Не се калкулирани трошоците на другите државни институции. Иако најчесто пожарите се случиле во близина на населени места и приватни имоти, во само неколку исклучоци локалното население и сопствениците излегле да ги заштитат шумите од пожари.

„Зимата е пократка, летото е подолго и симптоматично е што пожарите се појавуваат со поголем интензитет и почесто. Очигледно е дека условите се менуваат, а за справување со вакви екстреми немаме модел затоа што се потпираме на искуства. Јавната Установа Национален Парк Шар Планина е релативно нова институција и токму на самите почетоци е вистинско време да се прилагодиме да не се фокусираме само на досегашните искуства, туку да се фокусираме и на тоа што може да се случи“, истакна на прес-конференција Ибрахим Дехари од НП Шар Планина.

За унапредување на можностите на НП за интервенции кај нив има тековна обука за справување со шумски пожари од страна на Шумарската служба на Соединетите Американски Држави. Денеска е последниот, практичен дел од обуката. Преку тактики за воспоставување директна или индиректна линија за справување со пожар вежбаат и дискутираме можни сценарија за справување со пожар при различен тип вегетација и различна топографија.

„Шумарската Служба на Соединетите Американски Држави има повеќе од 100 годишно искуство во справување со шумски пожари и на Шар Планина се веќе една недела. Група од експерти ни помагаат да воспоставиме систем на ефикасно справување со пожари на територијата на Паркот преку подготовка на план за справување со пожари и интензивна теоретска и практична обука за сите вработени. Обуката се однесува на протоколарно постапување при инциденти, до планирање и тактики за справување со пожари на отворено, комуникација, употреба на алати, следење на временска прогноза како и безбедност при работа. На обуката учествуваа и претставници на ЦУК, ДЗС и против пожарната територијална единица од Гостивар како и неколку локални волонтери со цел да се зајакне меѓуинституционалниот пристап при справување со вакви катастрофи“, рече Дехари.

Од НП Шар Планина потсетуваат дека е забрането е палење на оган на отворен простор во шума и на друго земјиште на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата како и на законските последици со кои можат да се соочат граѓаните и правните лица.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи