Секторот за внатрешни работи Тетово извести дека вчера (18 април) во 20 часот во ОВР Гостивар, 56 годишната гостиварка Л.М. пријавила дека нејзиниот имот во Маврово бил заклучен со катанец, а откако го контактирала нејзиниот адвокат тој проверил и ја информирал дека дел од имотот бил пренесен со договор за купопродажба на име на лицето А.Х., која Л.М. не ја познава, ниту пак склучила договор за купопродажба.
Се преземат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













