Соопштение на СВР Тетово 23 Април 2024
Вчера (22-Април) од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола на возила и возачи со посебен акцент на непрописното паркирање. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 53 (ТЕ-29 и ГВ-24) непрописно паркирани возила, од кои 6 возила (ТЕ) биле подигнати од страна на пајак службата. При контролата, исто така, биле санкционирани и 3 возачи (ТЕ-2 и ГВ-1)кои управувале возила без да положат возачки испит, како и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ).
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.












