Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, излезноста на територијата на Општина Гостивар до 13 часот на Парламентарните избори е 17,25 %, додека во вториот круг од Претседателските 11,99 %. Во конкретни бројки-Своето право на глас на Парламентарните избори го искористиле 14.060, а во вториот круг на Претседателските 9.766 избирачи.
Гласањето продолжува до 19 часот.
Во Општина Гостивар на претседателските избори право на глас имаат 81.517 граѓани, додека на парламентарните 81.612.
На државно ниво излезноста до 13 часот за Парламентарните избори изнесува 25,77 %, за Претседателските избори 22,88 %
Преземено од: GostivarPress













