Центарот за управување со кризи апелира на внимателност при возење заради можни одрони, „Заради можноста од одрони пожелно е да се вози внимателно на патните правци покрај коишто има карпести ридови. При одрони на патиштата при ваквите метеоролошки услови за коишто, по пријава на 112 во ЦУК, се ангажираат надлежни институции и претпријатија за нивно расчистување. На пример, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, сношти околу полноќ, беше добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај месноста „Каменоломот“. За настанатата состојба од ЦУК беа известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција, при што нивни екипи го нормализираа сообраќајот на таа делница.“, се вели во утринската информација од ЦУК.
Од таму исто така потсетуваат за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Се предупредува и на зголемен водостој на реките и езерата и потсетување за внимателност при движење покрај нив.
Преземено од: GostivarPress













