„Спасувањето на војникот Рајан“ повторно на големиот екран за 80-годишнината од Денот Д

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Епската сага на Стивен Спилберг – „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни – 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера.

Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година.

Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка.

Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д.

„Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи