Во Гостивар отворена изложба на графики од доајенот на македонското сликарство Александар Ацо Филиповски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вечерва беше отворена ликовна изложба на графики на доајенот на современото македонско сликарство, Александар Ацо Филиповски.

На отворањето на изложбата присуствуваше и самиот сликар Филиповски, кој и во својата деветта деценија активно твори и создава нови ликовни дела. Ова е негова седма изложба во Гостивар, првата ја одржал во далечната 1962 година.

„Во Гостивар од почетокот до сега имам изложено шест пати, оваа ќе биде седма. Првата изложба ја одржав во 1962 година веднаш по завршувањето на уметничката школа, кога се вработив како наставник и ја одржав токму во училиштето во кое работев во Гостивар, а последната ја имав во 2006 година. Сега, по толку време, повторно се враќам со изложба посветена на теми од овој крај, вклучувајќи ги Гостивар, Маврово, Ниќифорово и Леуново. Можам да се пофалам дека имам создадено околу 2000 уметнички дела, што е значаен број за наши услови. Јас сум еден од ретките уметници со најголем број дела со национален карактер. Работам речиси 70 години во уметноста и верувам дека треба прво да ја сакаме нашата татковина и да ја претставуваме преку уметноста“, изјави за Gostivarpress.mk, уметникот Ацо Филиповски.

Пред присутните краток осврт на животот и делото на Александар Филиповски даде неговата ќерка, Мира Филиповска, потенцирајќи дека уметноста низ целиот живот на Филиповски, а и во нивниот дом, била главна преокупација.

aczo filipovski 12

На изложбата, која беше од продажен карактер, беа претставени дела инспирирани од Мавровскиот крај, кој е најзастапен во неговото творештво, како: „Мојот зелен рај“, „Есен во Маврово“, „Радика“, „Поплавена црква“, „Македонски фолклорни белези“, „Мавровчанка“, „Галичанка“, „Жена од Полог“, „Ростуше“, „Црквата Св. Богородица – Гостивар“ и други.

 

Изложбата во Гостивар ќе биде отворена до 23 јуни.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...