Опен Балкан сертификатот е невалиден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Опен Балкан сертификатот, со кој лицата од Србија и Албанија можат полесно до работа кај нас – е невалиден. Не ги содржи потребните податоци за идентификација на лицата, предвидени во Законот за спречување перење на пари и затоа банките не можат на овие лица да им отворат трансакациска сметка.

Додека Даниела Лончар од Србија мака мачи цел месец да обезбеди одговор од институциите зошто не може со сите потребни документи да оствори сметка каде би ја примала платата – од Македонската Банкарска Асоцијасија велат – документот кој го приложуваат лицата за отворање на сметка е поврзан со Законот за ратификација на Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на труд (во рамки на иницијативата Отворен Балкан). Наведениот документ не ги содржи сите потребни податоци за идентификација на лицата, предвидени во Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, па оттука банките во РСМ не можат на овие клиенти да им отворат сметки само врз основа на приложениот документ. Сличен одговор добивме и од Народната банка.

Сепак, за да и помогнат на Даниела, но и на сите оние кои сакаат полесно да дојдат да работат кај нас, банките, ќе се обратат до надлежните институции за да добијат мислење за третманот на документот со кој се одобрува пристап до пазарот на труд.

Даниела работела и во Хрвската и во Германија. Работните визи ги добивала без никаков проблем, за само неколку дена. Според нејзините сознанија, македонците кои заминале на работа во Србија  преку Опен Балкан, немаат никаков проблем.

Целта на Отворен Балкан беше лицата полесно да дојдат до работа меѓу Албанија, Србија и Македонија, за да се избегнат долгите процедури за вадење дозвола за работа, кои траат и по неколку месеци, Но праксата покажува дека лицата кои дошле да работат кај нас не можат ни да  работат,  ни да добијат одговор дали ќе им се реши статусот.

 

 

 

 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи