Новите камери на сејф сити забрзано се монтираат по улиците на Скопје. Засега снимаат но не се регистрираат прекршоците. При тест на новиот надграден систем само за 2 часа успешно биле детектирани над 5.000 прекршоци. Камерите ќе се користат за казнување откако претходно ќе се изгласаат измени во законот за безбедност во сообраќајот и законот за прекршоци, што значи треба да поминат сите фази од предлог, преку собраниска процедура до донесување на измените во овие закони. Потоа, треба да се спроведе јавна кампања и учесниците во сообраќајот официјално да се известат дека камерите се ставени во функција. Во јавноста се јавија реакции дали со овие снимки може да бидат злоупотребени лични податоци на граѓаните и како ќе се спречи злоупотреба. Извори за Сител велат дека камерите се со висока резолуција и целта ќе биде да се идентификува лицето кое управува со возилото а не кој друг се вози во автомобилот.
-Целта со новите камери во системот сејф сити е да се зголеми безбедноста во сообраќајот но истите ќе помогнат и во расветлување на други кривично прекршочни постапки за попрецизно утврдување на идентитет и полесно пронаоѓање на сторителите. Со овие камери ќе казнува за брзо возење, минување на црвено, опасно престројување, непрописно запираање и паркирање на коловозни ленти.
Експертите сметаат модернизацијата на системот е во функција на зголемување на безбедноста но и намалување на жртвите во сообраќајот. Надлежните треба да размислат и за сигнализирање за помош при сообраќајни несреќи.
На листата најбезбедни градови кои располагаат со модерен сејф сити систем во Европа прв е Хаг, потоа Минхен а веднаш по нив се Љубљана и Загреб. Скопје засега е далеку од позитивната листа, бидејќи се уште се соочува со необележани сообраќајници, лош јавен транспорт, недоволен простор за велосипедисти и пешаци.
Преземено од: Линк













