Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на летниот период. Кафулињата, рестораните, пицериите и другите објекти од угостителска дејност добиваат можност да работат плус два часа од вообичаеното определено работно време.
„Како и претходните летни и празнични сезони, така и сега, сметаме дека треба да им се овозможи на угостителите да работат со продолжено работно време. Летото е период кога се организираат повеќе културни, забавни настани, а локалните бизниси ја чекаат летната сезона за да имаат повеќе работа, и тие дополнителни два часа се добредојдени“, рече Валбон Лимани, претседател на Советот и иден в.д. градоначалник на Гостивар.
Одлуката ја поддржаа советничките групи од сите партии во гостиварскиот општински совет.
Преземено од: GostivarPress













