Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави укинување на балансерот во фази, каде во прва фаза лицата попишани во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во земјава. На ваквите најави реагираа од ДУИ и од партијата на Зијадин Села, оценувајќи ги како  директен напад на принципот на правична застапост, што е еден од главните столбови на Охридскиот договор.

Андоновски вчера на прес-конференција појасни дека во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници. 

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Тој рече дека стручноста ќе биде пред изборот на етничка припадност.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

– Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Демократската унија за интеграција, во соопштение до медиумите, изрази длабока загриженост за одлуката на власта со, како што вели, моноетнички легитимитет да ја смени формулата за „балансер“ што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи.

-Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 отсто, врз основа на пописните податоци од пред 20 години. Оваа акција претставува директен напад на принципот на правична застапеност, еден од главните столбови на Охридскиот договор, се вели во реакцијата од ДУИ.

Од ДУИ, исто така, нагласуваат дека се решени да го бранат принципот на правична и еднаква застапеност на сите етнички заедници и дека нема да дозволат каков било обид за поткопување на важните достигнувања на Охридскиот договор.

Остра реакција на најавите за укинување на балансерот упати и партијата на Зијадин Села, нагласувајќи, како што вели, дека овие ѝ штетат на меѓуетничката кохезија и на правата на етничките заедници.

-Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто. За да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој е еден од главните столбови на Охридскиот договор, се вели во реакцијата од Алијансата за Албанците.

Од партијата на Села, исто така, нагласуваат дека пред „овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста“.

МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...