Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски ги претстави економските можности на Македонија пред јапонски компании во Диселдорф

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На бизнис семинар во Диселдорф, организиран во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, пред повеќе од 50 јапонски компании, меѓу кои гиганти како Тошиба, Мицубиши, Нипон стил, Мабучи Мотор и др., ги истакна економските можности и потенцијалите што ги нуди Македонија, како и новите владини мерки за поддршка на инвестиции.

„Македонската влада е непоколеблива во својата заложба за поттикнување на развиена економија. Наша примарна обврска и фокус се економијата и промоцијата на нови инвестиции. Со нови, таргетирани мерки, веќе ја менуваме инвестициската клима. Стануваме вистински партнери на бизнисот. Јапонија има огромен економски и инвестициски потенцијал и може да стане важен партнер за забрзан раст на Македонија. Благодарам на големиот интерес од јапонските компании. Силно верувам дека наскоро ќе ја видиме и првата јапонска инвестиција во земјава“, изјави Димовски.

Јапонските компании изразија задоволство од презентацијата и можноста директно да се запознаат со инвестициските можности во Македонија. Најмногу интерес покажаа за достапноста на квалификувана работна сила, предизвиците и критичните фактори при влез на македонскиот пазар и потенцијалот за соработка со македонските компании.

Настанот беше дополнително збогатен со обраќањата на јапонскиот амбасадор во Македонија, Оцука Казуја, како и генералните директори на ЏЕТРО во Виена, Варшава, Прага, Будимпешта и Букурешт, кои ги презентираа економските потенцијали на Балканскиот регион и Централна и Источна Европа.

Македонија, претставувана од директорот на ТИРЗ, имаше посебна презентација на економските можности, што ја означува нејзината единствена позиција и потенцијал како дестинација за инвестирање.

Овој бизнис семинар е дел од активностите кои следат по потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу ТИРЗ и ЏЕТРО, чија цел е полесен влез на јапонски компании во Македонија и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...