Луѓе, два авиона, три хеликоптери, шест цистерни, пет булдожери, три багери… се обезбедени за гаснење на пожарот на Серта, објави Јанчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека во гаснењето на пожарот во неготинско од утре рано наутро покрај воздушна поддршка ќе биде вклучена и механизација. 

 – За утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиона, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско, стои во објавата на Фејсбук. 

Како што пишува во обајавата, ова било одлучено на координацијата со секретарот на Општина Неготино, Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино. 

Претходно во текот на денот,  Јанчев објави дека заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, се на терен на Серта и Војшанци, со цел да се изнајде решение и заеднички со сите ресурси и механизација, да се успее во гаснењето на пожарот, што деновиве се шири во овој дел. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...