Од денеска целосна забрана за движење во шумите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, донесе одлука за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која управува ЈП „Национални шуми“. Оваа мерка се воведува со цел превенција од појава на шумски пожари на отворен простор, согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите.

Забраната стапува на сила од денес, 15 јули 2024 година, и ќе трае до нејзиното отповикување. Во овој период, движењето во шумите ќе биде строго забрането во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Исклучок од оваа забрана ќе биде направен само за лица кои ќе добијат писмено одобрување од подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое тие управуваат.

Непочитувањето на оваа забрана ќе се санкционира со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност, согласно член 106 од Законот за шумите. Министерството апелира до сите граѓани да ја почитуваат оваа мерка со цел да се спречи појавата на шумски пожари и да се зачува природата.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...