Полицијата казнува возачи за чкрипење со тркала, преголема бучавост…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


СВР Тетово во текот на вчерашниот ден и ноќеска во периодот од 8.00 до 1.00 часот по полноќ спроведе акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите со чкрипење на погонските тркала, преголема бучавост, техничка неисправност на возилата и оние кои го попречуваат сообраќајот со погрешно или непрописно паркирање на возилата.

При контролата биле откриени и санкционирани 96 прекршоци (ТЕ-81 и ГВ-15), од кои 21 прекршоци поради непрописно паркирање и со специјално возило „пајак“ биле подигнати 17 возила, 51-возачи затоа што користеле мобилен телефон при управување со возило, 18 возачи затоа што не користеле сигурносен појас… Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. „Исто така, во текот на контролата, на улица „Маршал Тито“, на влез во градот, биле исклучени од сообраќај и задржани во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово 10 патнички возила, од кои 7 со странски регистарски ознаки и 3 со тетовски регистерски таблици, кои го нарушиле јавниот ред и мир со чкрипење на погонски тркала и предизвикале поголема бучавост од максимално пропишаната, поради што ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Поради истата причина, претходните два дена биле исклучени и задржани уште 13 патнички возила. На возачите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно констатираните неисправности во станицата за технички преглед, а доколку биде констатирано преголема бучавост кај возилата, тие согласно законот ќе бидат задржани 90 дена во полициска станица.“, извести полицијата.

СВР Тетово апелира до возачите навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не управуваат без положен возачки испит, да внимаваат каде ги паркираат нивните возила и да овозможат нормален проток на  сообраќајот, затоа што секој ден сме сведоци на преголема гужва и засилена фреквенција во сообраќајот, но и сообраќајни несреќи со сериозни последици. Со тоа ќе придонесат за поголема лична безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи