Гостиварски регион хроника: Син се заканувал на мајка си, напад пред локал, агресија кон полицајци…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во последниот полициски билтен за гостиварското подрачје регистрирани се неколку случаи кои ги пренесуваме во продолжение:

Рано утрово 4.50 часот полициски службеници од ПО Галате,  поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ во гостиварско Дебреше го лишиле од слобода Ш.Л.(21) со место на живеење во Дебреше. Тој бил пријавен од неговата мајка дека агресивно се однесувал кон неа и и се заканувал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Вчеравечер во 23.30 часот во ПО Галате  А.Н. (44) и Р.А. од гостиварско Врапчиште, пријавиле дека во селото пред угостителски објект, биле физички нападнати од Б.Џ. и М.Џ., двајцата од Врапчиште, кои при нападот употребиле и дрвени предмети. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.30 часот полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај -Гостивар, на магистралниот пат Гостивар-Кичево го привеле Ј.С.(34) од Гостивар кој управувал патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистерски таблици, затоа што агресивно се однесувал кон нив. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе следува соодветен поднесок.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи