Услужните дејности да работат во недела бара Занаетчиската комора

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претставниците на занаетчиската комора ќе се сретнат со претставници на надлежните министерства и ќе ги изложат предлозите занаетчиите од услужните дејности да можат да работат и во недела, соопштија надлежните Занаетчиската комора. Занаетчиите уште при носење на овој закон реагираа дека не е во интерес ниту на малите, микропретпријатија, ниту пак на државата која на овој начин, според нив ја поттикнуваше сивата економија. ЗКРСМ очекува средба со надлежните институции.

  • Ние не бараме да не го почитуваме законот, туку напротив ќе ги плаќаме нашите вработени, но бараме да ни дозволат да работиме. Ќе го земам пример Куманово како погранично место. Во неделите, особено сега во летниот период имаме свадби, прослави, родендени, крштевки. Огромен број сограѓани одат во соседните држави на фризер, козметичар, таму ги оставаат парите. Не работат ниту цвеќарите, не може ниту за смртни случаи да се купи цвеќе. Губитници сме сите и државата и ние како занаетчии, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Комората ќе придонесе за да се разгледа законот и да овозможи сите вршители на занаетчиска дејност и самостојните занаетчии да имаат право да работат во недела почитувајќи ги другите законски одредби. Комората ги повика институциите да ги земат предвид специфичните потреби на занаетчиите и да предложат алтернативни решенија кои ќе ги заштитат нивните интереси и ќе овозможат континуитет на нивната работа. Оттаму велат дека е потребно е да се ревидира и олесни регулативата, со цел да им се дозволи на овие занаетчии да работат и во недела, за да можат да го задржат нивниот приход и да ги задоволат потребите на клиентите.

Од комората не се задоволни ниту од субвенциите кои ги нуди Министерството за економија и велат дека паушално оданочените занаетчии не можат да аплицираат на таа мерка, бидејќи се ограничени од процедурите.

  • Ние бараме соодветни субвенции кои ќе го поттикнат развојот на занаетчиството како гранка во државата, да можат да вработат луѓе, да ја поттикнат локалната економија. Верувам дека ќе имаме добра комуникација со надлежните, изјави Фазлији.

Од Комората велат дека занаетчиството е значаен дел од нашата економија и култура и надлежните, Владата, министерствата треба да се посветат посебно внимание за неговиот развој и поддршка.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...