Припадниците на косовската полиција попладнево влегле во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик КоССев.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврди и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, кој рече дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).
Според Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна.
Елшани најави дека за интервенцијата е известен државниот обвинител и дека ќе се продолжи согласно неговите овластувања.
– По допис/информација добиена од АРКЕП, дека на територијата на Косово работат економски оператори без лиценца, а не се регистрирани во АРБК, полициски единици заминаа да ја проверат оваа информација. Информацијата се покажа како точна, за што полицијата го извести државниот обвинител и продолжуваме по неговите овластувања, рече Елшани.
Експозитурите на Поштата на Србија се наоѓаат во општините во северно Косово населени со мнозиство Срби – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. КоССев објави фотографии од експозитурите од кои се запленети документи и по интервенцијата на полицијата истите се запечатени.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?
- На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
- На пироманите (20%, 188 Гласови)
- На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
- На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
- На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)
Вкупно гласови: 952
Преземено од: Линк













