Прифатени амандмани за исплата на избирачките одбори и за платено политичко рекламирање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Комисијата за финансирање и буџет на денешниот последен ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот прифати два амандмана, за исплата на административците кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, како и за платено политичко рекламирање. Амандманите ги поднесоа пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред завршувањето на седницата.

Стојаноски со амандманот побара 318 милиони денари за изборната администрација, а Стојаноска 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека двата амандмана се прифатливи, зашто, објасни, се работи за исплата на законски обврски.

-Во целата диксусија за ребалансот провејуваше наратив дека одредени средства државата требало законски да ги предвиди, но тоа не било сторено. атоаенји. Затоа, сакам да предложам амандман со кој ќе се обезбедат средства со кои ДИК ќе може, согласно законските обврски, да ја изврши исплатата кон сите што беа администратори на избирачкиот процес – избирачките одбори и сите други ангажирани во имплементирањето на еден демократски изборен процес.  Ова е нешто што по секои избори се врши, но во текстот на Буџетот за ова не беа обезбедени средства иако ДИК двапати со писмен допис се обратила до Министерството за финансии, но дописот не добил позитивен одговор. Затоа сметам дека ние мора да ги обезбедиме овие средства, да го заокружиме процесот и тие што учествувале во него да го добијат соодветниот надомест што законски им следува, објасни Стојаноски.

Пратеникот Сали Мурати од коалицијата Европски фронт, во ваквиот потег, на крај од седницата и расправата да се предлагаат пвие амандмани, препозна политички маркетинг.

-Овие амандмани можевте да ги поднесете претходните денови, а не сега, пред крај на расправата, укажа Мурати.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...