Барот во Манчестер, Англија, којшто единствен служeше само безалкохолни пијалаци, се затвора поради слабата посетеност, помалку од една година по отворањето.
Сопственикот на барот „Love from“ (Со љубов од), рече дека целта била да се обиде да ги промени гледиштата за британската култура на пиење, нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот – без алкохол.
Карл Консидин (39) изјави за „Тајмс“ дека барот, сместен во центарот на Манчестер, првично работел добро со оглед на тоа што бил отворен во „сувиот јануари“, кога, како што се проценува, околу 8,5 милиони Британци апстинираат од алкохол и се трезнат по декемвриските празнични претерувања.
– Многумина дури и го продолжуваат „сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат предностите, што се одрази и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаат да пијат пијалаци на отворено. Така, забележавме дека околните локали беа полни, а кај нас – празно. Тоа особено беше видливо за време на фудбалското (европско) првенство, додава Карл.
Во својот бар нудел безалкохолни коктели за 7,50 фунти и безалкохолно пиво за 6 фунти за половина литар. Но, како што одминувала годината, сепак, бројот на гости почна да се намалува. Според Карл, станало јасно дека, всушност, има растечки „безалкохолен тренд во кафулињата којшто не мора да значи и целосно одрекување“ од алкохолот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?
- На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
- На пироманите (20%, 188 Гласови)
- На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
- На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
- На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)
Вкупно гласови: 952
Преземено од: Линк













