МВР информира дека вчера (4 август) во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, мотоцикл „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 49 годишниот гостиварец В.Т., излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, извести полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













