Сараевскиот ќебап заштитен како автохтон производ и бренд на БиХ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сараевскиот ќебап официјално е заштитен како автохтон бренд и посебен производ на Босна и Херцеговина. Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина Кариќ, на прес-конференција во градското собрание, најавувајќи дека наскоро ќе следи и заштита на сараевскиот сомун.

„Пред две години започнавме процес на заштита на ќебапот. Ќе продолжиме да работиме на заштита на автохтони домашни производи. Тој сега е заштитен како бренд и како посебен традиционален производ на БиХ“, нагласи Кариќ.

Таа додаде дека после заштитата на ќебапите како бренд, следи и заштитата на ќебапите во ЕУ. – Можеме да објавиме дека по заштитата на ќебапите, ќе тргнеме во акција за заштита на сараевскиот сомун“, посочи Кариќ.

Според неа, Сараево се гордее со својата историја, олимпискиот дух, а секогаш е важна гастрономската понуда која привлекува голем број туристи. –  Ако сте дошле во Сараево и не сте пробале ќебапи, не можете да го напуштите градот, додаде Кариќ, повикувајќи ги граѓаните вечер на дегустација на 3.000 ќебапи пред џамијата во Башчаршија.

Директорот на Агенцијата за безбедност на храна, Џемил Хајриќ, изјави дека денеска се одбележува „круна на напорите“ кои започнале пред неколку години и се однесуваат на усогласувањето на законодавството на БиХ со ЕУ.

Процесот резултираше со тоа што Советот на министри на БиХ усвои правна рамка, која овозможи силно да се започне со обележување на географското потекло и традиционалниот углед на храната. Сараевскиот ќебап е осмиот производ кој ја помина процедурата и веројатно е еден од најзначајните, посочи Хајриќ.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...