СВР Тетово информира дека вчера (15 август) во 19.40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 38 годишен гостиварец затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој е задржан во полициска станица и изготвен му е соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













