Аталанта го потврди трансферот на Самарџиќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Аталанта го потврди трансферот на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.

Клубот од Бергамо сподели фотографија на својата официјална веб-страница и му посака добредојде на 22-годишниот играч од средниот ред.

Аталанта го позајми Самарџиќ од Удинезе, а целата зделка би можела да биде вредна и до 25.000.000 евра.

Откупот на договорот ќе биде задолжителен следното лето, а потоа Аталанта ќе му плати на Удинезе фиксни 22 милиони, додека уште три „зебрите“ можат да добијат преку бонуси.

Самарџиќ три години беше член на Удинезе, во Удине пристигна од Лајпциг.
Инаку, тој помина низ младинската школа на Херта Берлин.

Во помладите категории играше за Германија, а од минатата година го носи дресот на селекцијата на Србија и досега одигра 11 натпревари.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи