Денес се навршуваат 22 години од погибјето на гостиварските бранители Даил Јанкоски и Александар Николиќ. Резервистите беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август, еден часот по полноќ.
На нив пукале непознати лица со автоматски пушки од возило во движење со странски регистарски таблички.
На местото на трагедијата во чест на загинатите резервисти во 2012 година беше поставена спомен плоча. Секоја година на денешен датум, во нивна слава, кај спомен плочата се одржува комеморативен собир со положување цвеќе, на кој присуствуваат семејствата, родини, пријатели, колеги.
Преземено од: GostivarPress













