Француското апсење и притворање на ко-основачот на Telegram, кого веќе го нарекуваат „следниот Асанж“ – русинот со француски пасош Павел Дуров, не прекинува да привлекува големо внимание пред се со начинот и доказите во кои се одвива овој случај, со што длабоко ги подгрева прашањата за слободата на говорот и меѓународните правни норми.
Русија е подготвена да му пружи правна помош на ко-основачот на платформата Telegram, Павел Дуров, кој беше приведен во Франција. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се разбира, со оглед на неговото (на Дуров) руско државјанство, ние сме подготвени да ја пружиме потребната помош, но она што ја комплицира ситуацијата е фактот што тој е и француски државјанин,“ изјави Песков на новинарите, пренесува Риа Новости.
Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека притворот на Дуров не е политичка одлука, туку резултат на правна истрага поради обвинувања за кршење на слободата на говорот.
Основачот на Telegram, кој има француско државјанство, беше приведен во саботата вечерта на аеродромот во Париз Бурж веднаш по напуштањето на приватниот авион со кој полета од Азербејџан. Според соопштението на обвинителството во Париз, властите ја истражуваат неговата можебна вмешаност во прикривање информации за нелегални активности на интернет, вклучително и дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога. Медиумите известуваат дека Дуров може да се соочи со затворска казна до 20 години.
Од руската амбасада во Франција за Риа Новости изјавија дека француските власти досега одбивале да соработуваат со притворот на Дуров.
Преземено од: GostivarPress













