СВР Тетово соопшти дека вчера (3 септември) во 21.40 часот во гостиварско Форино, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода 55 годишниот А.Б., кој бил пријавен од негов 74 – годишен сосед дека, по кратка расправија, физички го нападнал, при што употребил и дрвен предмет.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













