(Фото) Грета Тунберг не мирува, пак е уапсена, овој пат на протест против војната во Газа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг утрово беше приведена на про-палестински студентски протест во главниот град на Данска, пренесува Политико.

Данската полиција соопшти дека дваесетина демонстранти се собрале пред Универзитетот во Копенхаген и дека шестмина од нив биле уапсени.

„Полицијата беше викната. Таа насилно влезе во зградата. Во моментот ги разбркуваат сите студенти. Некои се приведени и ги носат во станица токму во овој момент“, рече Тунберг во видео на својот Инстаграм профил.

Полицијата го нема потврдено идентитетот на ниеден од приведените, но портпаролот на „Студенти против окупацијата“, организацијата зад протестот, изјави за Ројтерс дека Тунберг била меѓу уапсените.

Во сликата на Тунберг објавена од весникот „Екстра Бладет“ се гледаат лисиците околу нејзините раце, како и традиционален арапски црно-бел шал околу нејзините раменици.

„Студенти против окупацијата“ на Инстаграм соопшти дека „додека ситуацијата во Палестина само се влошува, Универзитетот во Копенхаген ја продолжува соработката со академските институции во Израел. Ја окупираме централната администрација на универзитетот бидејќи имаме едно барање: академски бојкот“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...