Вечерва Македонија домаќин на Ерменија, неопходна е победа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена во Скопје ја пречекува Ерменија во рамки на вториот натпревар во Ц дивизијата во Лигата на нации.

По воведното разочарувачко реми на гостински терен против Фарски Острови, избраниците на селекторот Благоја Милевски се пред императив со победа над директниот конкурент да го задржат шансите за освојување на првото место во групата Ц4.

Селекторот Милевски на вчерашната официјална прес – конференција рече дека репрезентативците се ментално силни и подготвени со победа над Ерменија да го анулирират негативниот резултат во Торашвн.

„Секако дека ментално не е сменето ништо, познавајќи ги моите фудбалери, тие се подготвени за секој нов предизвик. Имаме резултатско разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски Острови, мислам дека директните дуели против Ерменија ќе го одлучат патникот во следната фаза. Нашите мисли се фокусирани кон Ерменија и она што може да го очекуваме на теренот. Сигурен сум дека ќе одиграме победнички, бидејќи секогаш кога сме биле под притисок овие момци и тоа како знаеле да се покажат на најдобар начин“, изјави Милевски“.

Денешниот натпревар ќе стартува во 20:45 часот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи