Времето денеска (среда) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. Од денеска до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни.
Преземено од: GostivarPress













