Во полицискиот билтен регистрирани се неколку настани со физички напади во гостиварскиот регион. Во продолжение ги пренесуваме во целост.
На 19.09.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Н.Б.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината ќерка. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 18.15 часот во ОВР Гостивар, М.З.(27) од Гостивар пријавила дека околу 13.00 часот во нејзиниот дом била физички нападната од Р.П., нејзината сестра и нејзината внука.
На 19.09.2024 во 15.55 часот во ОВР Гостивар, Ј.П.(61) од Долна Бањица, гостиварско, пријавил дека во круг на основно училиште, неговата малолетна внука била физички нападната од друга малолетничка од истото училиште.
Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.
Преземено од: GostivarPress













