Богородичната икона „Троеручица“ свечено пречекана во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во предвечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, пред храмот во Скопје посветен на големиот празник свечено беше пречекана Богородичната икона „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.

Иконата од Света Гора ја донесоа проигуменот на свештената хиландарска обител, Архимандритот Методиј, во придружба на уште неколкумина хиландарски монаси, свештеномонаси од Скопската епархија и претставници на семејството Андревски – дарителите на иконата и покровителите на нејзиното доаѓање во Скопје.

Иконата беше пречекана од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков.

По внесувањето на иконата во храмот „Рождеството на Пресвета Богородица“, беше отслужена Празнична вечерна богослужба на којашто со благослов и во молитвено присуство на Архиепископот, чиноначалствуваше Митрополитот Иларион. На Вечерната беше извршена и голема Литија околу центарот на Скопје, со масовно учество на верници.

743064750268

По Молитвениот собир, Архиепископот одржа беседа, па во знак на благодарност за донесената икона,на Архимандритот Методиј му подари граден крст, а на семејството Андревски му го додели Архиепископското одличие „Архиепископ Доситеј“.

фото:тетовско-гостиварска епархија



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...