СВР Тетово информира дека вчера (21 септември) во 16.30 и во 17 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Х.И.(56) и А.К.(43) поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од Добри дол, при што биле украдени повеќе предмети.
Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. Х.И. и А.К. се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













