Резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентските домови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за образование и наука објави  резултати од Конкурсот за сместување студенти запишани на прва година додипломски студии во студентските домови во академската 2024/2025 година.

„Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите“, се наведува во објавата на резултатите на веб-страницата на МОН.

Според Конкурсот објавен во јули годинава, во 11 студентски домови во државава слободни беа 1034 места за бруцоши.

Како што е наведено во Конкурсот, студентот треба да се всели во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

На 6 септември МОН ги објави и резултатите за прифатени апликации за прием во студентските домови по Конкурсот за студенти од втора и повисоките години и за апсолвенти. За нив според Конкурсот беа обезбедени 3269 места во државните и приватните студентски домови за студиската 2024/2025 година.

Поради почнати реконструкции, со конкурсот оваа година не се опфатени студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...