Стручната комисија утврди лекарски пропусти за смртта на 14 месечното бебе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Лекари од Детската клиника не ја процениле тежината на состојбата за да го хоспитализираат 14 месечното бебе од Гошинце вториот пат кога било донесено во установата на 3 октомври, а  утредента во “Козле” немале респиратор за да му укажат помош на девојчето додека да биде префрлено повторно на Детска каде починало кратко по приемот пред 10 дена. Дополнително, било изгубено време и за организирање на медицинскиот транспорт од Козле на Клинички. Ова го констатираше Комисијата за стручен надзор формирана од министерството за здравство. Тие потенцираат дека за случајот освен стручни и технички постојат и системски пропусти, односно непостоење на прротоколи и алгоритми за тријажа на пациенти при прием.

– Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравараи најави дека извештаите од стручниот надзор ќе ги достави до директорите на Детската клиника и Козле како и до етичката комисија при Лекарската комора за утврдување на евентуална одговорност.

– Извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора и оти се надевам дека ќе биде разгледан сериозно и ќе се преземат мерки, рече Таравари.

За случајот со 31-годишната родилка која почина при породување во кумановската болница минатиот месец, другата стручна комсија не утврдила неправилности при третманот на бременоста, ниту при породувањето.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...