Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 Октомври 2024 година (среда), Денот на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Празникот е востановен во чест на основањето на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) на 23 октомври во 1893 година во Солун, со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Преземено од: GostivarPress













