Личностите се негативни, но нема да се мешам во работата на Комисијата, рече Сиљановска-Давкова

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Во врска со помилувањата на осуденици и реакциите за дел од нив денеска во јавноста, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека сега гледа оти „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот“, но дека Kомисијата за помилување се водела од конкретни дела и дека, иако таа потпишува одлуки и таа го има последниот збор, нема да се меша директно во нејзината работа. 

Претседателката за ТВ21 изјави дека кога ја конституирала Kомисијата за помилување, за која рече дека е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи, рекла дека ќе ја почитува нивната работа. Како што рече, кога се даваат коментари, се заборава дека се анализира, пред се, делото.

-Јас веќе и имињата не ги знам, да бидам искрена, меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки се водев од тоа дека во првиот случај, не го знам ни името како беше, делото е, пресудата е една година и три месеци и делото се однесува на неовластено поседување на оружје и на пет куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе од ова. Да личноста, знам која е таа личност, но јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е шест месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете, кај првата е година и три месеци, значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да, личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот, тоа е факт, сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, да, јас потпишувам одлуки, меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата. Точно е дека го имам последниот збор, но молам да се има ова во предвид, изјави Давкова, изјави Сиљановска-Давкова за ТВ21. 

Претседателката вчера донела одлука за помилување десет осуденици, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани од Арачаиново, за кој медиумите објавуваат дека е брат на Шенки Версаче, Акиф Раваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...