СВР Тетово информира дека вчера (26.10.2024) во 15.25 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 23 годишниот гостиварец Ј.М. кој бил пријавен од Е.М. од Гостивар, дека по претходно случена сообраќајна незгода, агресивно се однесувал и му упатувал закани.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













