Вработените во правобранителство на протест, можен е и штрајк и закочување на експропријацијата за коридорите!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вработените во Државно правобранителство денес започнаа протести поради незадоволство од ниските плати. Протестите ги најавија од пред судот во Гостивар, од каде нагласија дека доколку не им се покачат платите за 30%, ќе стапат во штрајк, што значи нема да ги работат и предметите од експропријацијата на земјиштето за коридорите.

„Протестите кои ќе траат по два часа во текот на денот, се организираат со цел конечно да се уважи едното и единствено барање на  вработените, а тоа е: утврдување и исплата на додаток на плата во висина од 30% на платата. Пред само два дена од страна на претставници на Владата, токму од овде од Гостивар, беа дадени изјави дека до нова година ќе се завршат сите постапки за експропријација и дека само за два месеци се завршени 2432 предмети за експропријација. Од почеток на годината само Гостивар има завршено 1300 предмети, плус уште 2000 други предмети. За информација на надлежните, постапките за експропријација од кои зависи изградбата на автопатите и коридорите во Македонија ги водат токму вработените во Државното правобранителство. Овие постапки се само дел од работните задачи на овие вработени кои се адвокати на државата, а нивната основна задача е да го штитат имотот и интересите на државата. За жал во изминтаиве години државата заборави на нив.“, изјави Трпе Деаноски, претседател на претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Тој нагласи дека во државното правобранителство има 118 вработени, а просечната исплатена плата која ја добиваат вработените изнесува околу 28.000 денари.

„Како што изјавуваат и надлежните работата се извршува навремено, ефикасно и ефективно но наместо плата добиваме само пофалби и тапкање по рамо, а платата што вработените ја носат дома е под секое достоинство. Бараме, државата да одвои малку средства од оние кои се предвидени за изградба на автопатите и коридорите и истите да ги пренамени за ваботените, со што ќе покаже дека навистина го цени нивниот труд. Апелираме до Владата, да постапи по нашите дописи и веднаш да започенеме преговори за решавање на нашето барање во законски дадените рокови. Бидејќи во спротивност протестите како што и најавивме до Владата, овие протести ќе прераснат во штрајк со кој што целосно ќе се блокира работата на правобранителството, а со тоа и постапките за експропријација.“, рече Деаноски.

Синдикатот до сега испратил неколку барања до Владата за средба и разгледување на нивните барања. Одговор сѐ уште не добиле.

Инаку, во гостиварското државно правобранителство има 10 вработени.

123 2



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...