СВР Тетово информира дека вчера (7.11.2024) во 16.30 часот во населба „Фазанерија 2“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Б.З.(69) од Гостивар, кој бил пријавен дека во 15.30 часот со дрвен предмет го нападнал Ќ.С.(63) од Гостивар и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и неговиот син.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













