Една или две години чекаат за операција – Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти на ТОАРИЛУЦ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ ги проверува листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга.

– Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ, предводено од проф.д-р Марија Јовановски-Срцева даде налог за проверка на сите листи за хируршки интервенции во рамки на оваа установа. По увид и анализа во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од Клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга, информираат попладнево од ТОАРИЛУЦ.

Според Јовановски-Срцева, овој проблем изминатиот период бил мапиран како еден од најгорливите проблеми со што се соочуваат пациентите и за таа цел, тим од Клиниката ќе ги контактира пациентите кои подолг временски период, односно повеќе од една или две години чекаат за хируршка интервенција.

– Ќе биде изготвен план и динамика во рамки на ресусите со што располага Клиниката за обезбедување на оваа здравствена услуга кај пациентите кои подолг период биле оневозможени да ја добијат оваа здравствена услуга, најавува таа. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...