Климатската конференција на ОН во Баку е само „црн хумор“ наместо вистинска климатска акција, вели грета Тунберг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Климатската активистка Грета Тунберг ја критикуваше годишната конференција за климатски промени на ОН, што годинава се одржува во Баку, нарекувајќи ја „црн хумор“ во статија објавена денеска во британскиот весник „Гардијан“.

Во статијата со наслов „Конференција на мирот? Како може авторитарен и противник на човековите права Азербејџан да ја одржува таа конференција?“, праша 21-годишната активистка, која го опиша Самитот како „само чин на зелено миење“.

Таа посочи дека целата економија на Азербејџан е изградена на фосилни горива, кои сочинуваат скоро 90 отсто од извозот на земјата. – Без оглед на тоа што можеби тврди, Азербејџан нема амбиции за климатска акција, изјави Тунберг.

Таа додаде дека земјата планира да го прошири производството на фосилни горива, што е сосема некомпатибилно со целта од 1,5 степени Целзиусови од Парискиот климатски договор.

Тунберг, исто така, го критикуваше досието за човекови права на Азербејџан, велејќи дека многумина присутни на конференцијата се плашат да го критикуваат режимот.

„Режимот на Азербејџан е виновен за етничко чистење, хуманитарни блокади и воени злосторства, како и за репресија врз сопственото население и притисок врз граѓанското општество во земјата“, напиша таа.

Тунберг моментално се наоѓа во Грузија, западен сосед на Азербејџан, но не планира да патува во Баку за конференцијата. Наместо тоа, ќе патува во Ерменија на подоцнежен датум.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи