Фриц преку Зверев до финалето на завршниот Мастерс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Тејлор Фриц се пласира во финалето на завршниот Мастерс во Торино. Во првото полуфинале, Американецот го победи Александар Зверев со 2:1 (6:3, 3:6, 7:6).

Фриц во првиот сет покажа дека е многу незгоден противник за Зверев. Американецот сервираше одлично, на првиот сервис во сетот освои 18 од 19 поени. Едноставно не му дозволи на Зврев шанса за брејк. Фреиц успеа да ја искористи својата шанса во шестиот гем, кога направи врејк, што му беше доволно за 28 минути да го освои првиот сет.

Зверев беше трпелив, добро сервираше во вториот сет и ја чекаше својата шанса, која дојде, како и во првиот сет, во шестиот гем. Во овој гем Фриц не сервираше добро, Германецот направи брејк и потоа го доби сетот.

Во третиот сет се водеше голема борба. Зверев во петтиот гем не искористи три брејк топки, а во осмиот гем прирезултат 4:3, Фриц пропушти две брејк шанси. Имаше Зверев брејк топки и во 11.гем, но Фриц успеа да се спаси.

На стартот од тајбрејкот Фриц направи минибрејк и ја одржуваше предноста со добри сервиси. Зверев освојуваше поени на свој сервис, но не можеше да му го одземе сервисот на противникот. Американецот не подлегна на притисокот и се пласираше во првото финале на завршниот Мастерс.

Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер или Каспер Руд.



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи