СВР Тетово информира дека вчера (26.11.2024) во 12.50 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од велосипед пред влез на зграда на улица „Страхиња Симоноски“ во градот. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар.
Полицијата исто така, извести дека вчера во 17.10 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена М.Ј.(61) од гостиварски Балиндол.
Според пријавеното, околу 17.00 часот во смејниот дом ѝ се слошило, по што паднала по скали и се повредила. Увид на место извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













