Гостиварка пријавила интернет измама | Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На 28.11.2024 во 14.30 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена.

Според пријавеното, на 25.11.2024 преку социјална мрежа нашла веб страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ѝ биде исплатена заработувачката.

„Како што е пријавено, откако во два наврати уплатила вкупно 170 долари и ги извршила задачите едно лице ѝ се јавило и барало да уплати уште пари, по што сфатила дека е измамена.  Исто така, според пријавеното, после тоа на интернет нашла друга веб страна и побарала помош да си ги врати парите и преку социјална мрежа стапила во контакт со едно лице, кој преку апликацијата влегол во нејзиниот телефонски уред и од нејзината банкарска сметка резервирал 119.000 денари и потоа ѝ се јавил и побарал уште 200.000 денари.“, стои во полициското соопштение.

СВР Тетово наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи