Со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник уште 8 – Истражна постапка против убиецот на Орхан Бајрами

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик е предвидено како – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и член 22, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3.

-Осомничениот 33-годишник, на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица. По претходен договор, осомничениот и неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде била сместена жртвата и се приближиле до отворената задна балконска врата. Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди, информираат од ОЈО и додаваат:

-Грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница поради сомненија за кривични дела – Намерно убиство со соучесништво и Обид за сериско и соучесничко убиство на територијата на Република Грција. Со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, врз основа на инструментите за меѓународна правна соработка, грчките власти го отстапија кривичното гонење на Основното јавно обвинителство Скопје, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...