Годинава се убиени 54 новинари, од кои една третина во Газа – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Најмалку 54 новинари се убиени оваа година ширум светот, од кои речиси една третина во Појасот Газа, јавува организацијата за човекови права „Репортери без граници“ во својот годишен извештај.

Засега бројот на убиени новинари останува на исто ниво како лани, покажуваат податоците од крајот на ноември собрани од организацијата. Сепак, таа рече и дека секоја година дознава за повеќе смртни случаи кои се додаваат во статистиката, па веројатно е дека бројот на убиени новинари ќе се зголеми.

Во извештајот се вели дека покривањето на воените конфликти е особено ризично, при што 31 од 54 новинари биле убиени во конфликтните зони, најмногу во последните пет години. Најопасна област е Газа, каде Израел војува со Хамас и други палестински групи.

Гледајќи ги податоците од почетокот на војната, кога Хамас и други групи го нападнаа Израел, повеќе од 145 новинари загинаа во Појасот Газа до крајот на ноември, се вели во документот. Најмалку 35 од нив загинале на должност.

Во Израел од почетокот на војната се убиени двајца новинари, а во Либан петмина. Репортери без граници побараа од Меѓународниот кривичен суд да ги истражи убиствата на медиумските работници како можни воени злосторства.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи