(Видео) Скромна партија на Јокиќ, Денвер ги прегази Клиперси

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Денвер Нагетс на домашен терен ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 120:98 во натпревар од НБА лигата.

Денвер ги декласира Клиперси и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра под своите стандардни. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 16 поени (6/9 од поле). , седум скока и две асистенции. Центарот на франшизата од Колорадо на претходните два натпревари постигна 56 и 48 поени.

Јокиќ со оглед ан убедливата предност која ја имаше Денвер не играше во последната четвртина, вкупно на теренот мина 30 минути.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 20 поени, а Мајкл Портер Јуниор имаше учинок од 17 поени со пет скока и четири асистенции.

Најдобри играчи за Лос Анџелес Клиперс беа Норман Пауел и Кевин Портер кои постигнаа по 16 поени. Џејмс Харден имаше 15 поени, но и девет загубени топки.

Денвер е шести во Западната конференција со скор 13-10, додека тимот од Калифорнија е две позиции подолу со скор 14-12.

НБА, резултати:

Кливленд – Вашингтон 115:105
Филаделфија – Индијана 107: 121
Чикаго – Шарлот 109:95
Мемфис – Бруклин 135:119
Минесота – ЛА Лејкерс 97:87
Денвер – ЛА Клиперс 120:98
Јута – Феникс 126:134
Портланд – Сан Антонио 116:118



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...