Магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.

На Меѓународниот аеродром Скопје според објавата на нивната веб страница, утрово откажан е летотот од Скопје за Истанбул, а има доцнење од еден час на летот од Истанбул за Скопје.

Сообраќајот на државниte патишта се одвива по зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни, без забрани и ограничувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...