Со културно-уметничка манифестација и доделување благодарници и признание за почесен граѓанин, Општина Гостивар утре (23 декември) ќе го одбележи Денот на општината.
„На овој значаен датум традиционално ќе биде прогласен почесниот граѓанин и ќе бидат наградени сите истакнати личности, придонесувачи и промотори на градот на локално и меѓународно ниво. За својот придонес ќе бидат наградени и здруженија и организации. Во оваа пригода, по многу години, ќе се обедини и гостиварската музичка група „Шендија“ со пејачот Амет Азиз. Покрај тоа благодарница ќе биде доделена и на групата „Ареа“. Најавуваме незаборавна манифестација која долго ќе остане во сеќавањето на секој гостиварец.“, соопштија од локалната самоуправа.
Програмата започнува во 19 часот, во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













